ПРВ.мк

Големо поевтинување: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Големо поевтинување: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85% во споредба со претходната одлука од 8. април 2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка покажуваат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за 4,580%, кај екстра лесното масло за 4,570% и кај мазутот за 3,281%.

Курсот на денарот во однос на доларот во периодот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3532%.

Од 10. април 2025 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе бидат:

Vero

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 74,00 ден/литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 76,00 ден/литар

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,50 ден/литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 66,50 ден/литар

Мазут М-1 НС: 38,965 ден/килограм

Со новата одлука, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,50 ден/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 38,965 ден/кг.

Agria