ПРВ.мк

Фамилија Ѓорѓиевски од Скопје се преселиле во село – денес се пример за успех во земјоделството и инспирација на младите

Фамилија Ѓорѓиевски од Скопје се преселиле во село – денес се пример за успех во земјоделството и инспирација на младите
Jumbo Banner

Пред десет години, Далибор и Виолета Ѓорѓиевски ја напуштиле својата државна работа во Скопје и се преселиле во родното село на Виолета, Браилово, Општина Долнени, со една цел – да создадат свое земјоделско стопанство. Одлучиле да започнат од нула, со визија за стабилна и независна иднина преку земјоделска работа.

Денес, нивниот син Ивица (25) и неговата сопруга Валерија (22) се веќе втора генерација млади земјоделци кои со гордост го продолжуваат семејниот пат.

„Моите родители беа вработени во јавниот сектор, но платите доцнеа и немаа сигурност. Затоа решивме да се вратиме на земјата, да работиме свое и да си градиме иднина со сопствени раце“, раскажува Ивица за Agrotim.mk

Фото- Агротим.мк
Фото- Агротим.мк

Тутунот – главен двигател на успехот

ELS

Поради недостиг на сопствена земја, фамилијата Ѓорѓиевски изнајмувале од 3 до 5 хектари за производство на тутун. Во последните години ја зголемиле површината за тутун и ангажираат и сезонски работници. Минатата година произвеле дури 12 тони висококвалитетен тутун, со влажност од 15%, што според Ивица е резултат на континуирани вложувања во скелиња, најлони и други репроматеријали.

„Задоволни сме од производството – се исплати. Има добра цена и субвенции, но за да се добие квалитет, мора да се вложи. Целта ни е секогаш врвен квалитет, кој треба и да биде соодветно платен“, вели Ивица за Agrotim.mk

На само 25 години, Ивица и 22-годишната Валерија целосно му се посветиле на земјоделството. За нив, животот во село нуди повеќе можности отколку работата во фабрика или заминувањето во странство.

фото – принтскрин агротим.мк
фото – принтскрин агротим.мк

Иднината е во село

Фамилијата Ѓорѓиевски нема дилеми околу својата иднина. Селото Браилово, кое е на само 18 километри од Прилеп, им нуди сѐ што им е потребно – добра инфраструктура, вода, продавници и мирен живот.

Во новата сезона веќе имаат подготвен расад и планираат да ги зголемат обработливите површини. За да го зголемат квалитетот и рентабилноста на производството, неодамна со сопствени средства купиле нов трактор.

Со вакви млади семејства, кои со љубов, визија и труд го градат својот пат, македонското земјоделство би имало силна надеж и светла иднина.

Целата инспиративна приказна на семејството Ѓорѓиевски може да ја прочитате на Agrotim.mk.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран