ПРВ.мк
Економија

ЕКОНОМСКИ ПОТЕГ: Еврообврзницата донесе 700 милиони евра - еве за што ќе бидат распоредни!

ЕКОНОМСКИ ПОТЕГ: Еврообврзницата донесе 700 милиони евра - еве за што ќе бидат распоредни!
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека покрај реализацијата на нови инфраструктурни проекти, Владата мора да се справува и со отплатата на долговите наследени од претходната влада. Тој го образложи тоа во контекст на најновата еврообврзница од една милијарда евра.

– „Покрај тоа што градиме градинки, училишта, спортски сали, автопати и железници, ние ги враќаме и долговите на претходната влада. Лани во јануари вративме еврообврзница од 500 милиони евра, а со дел од овие средства, околу 700 милиони евра, ќе се врати друга еврообврзница што ја земала претходната влада пред четири години“, рече Мицкоски за време на посетата на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром.

Премиерот додаде дека, иако 2026 година ќе биде финансиски предизвикувачка, средствата за испорака на проектите и за отплата на долговите се обезбедени, а меѓу заемодавателите се и врвни светски компании кои досега не се појавиле на Балканот.

– „Ако се работи посветено и чесно, проектите ќе се реализираат, но задолжително треба да се враќаат и долговите“, додаде Мицкоски.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo