ПРВ.мк

Домашното овошје и зеленчук влегуваат во потрошувачката кошничка

Домашното овошје и зеленчук влегуваат во потрошувачката кошничка

Во пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Како што истакна на денешната прес-конференција овошјата и зеленчукот ќе се вметнуваат во кошничката етапно и сезонски, зависно од периодот во кој доспеваат и се користат.

За оваа цел веќе е изготвен посебен календар кој е доставен до Министерството за економија.

„Точно е дека МЗШВ учествува заедно со другите министерства во креирањето на кошничката и е задолжено за земјоделските производи. Листата на производи е голема и верувам дека кошничката ќе ги содржи сите. Пред се се застапени оние што ги произведуваме во Македонија. МЗШВ согласно Календарот на производство на земјоделски култури изработи посебен Календар – кои земјоделски култури во кој период доспеваат и се користат. Тој список е доставен до Министерството за економија. Знаете дека одредени производи се со сезонски карактер, па во периодот на нивно производство ќе бидат и вметнати во кошничката“, објасни Трипуновски, одговорајќи на новинарски прашања.

Vero
Agria