ПРВ.мк

Димитриеска – Кочоска: Македонија станува дел од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)

Димитриеска – Кочоска: Македонија станува дел од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)
VERO Banner

Македонските граѓани и компании од сега ќе имаат полесен пристап до прекугранични плаќања, поедноставни и поевтини трансфери на пари, како и олеснета трговија со стоки и услуги во рамките на Европската унија. Министерството за финансии, Народната банка и други релевантни институции успешно ги усогласија регулативите, што резултираше со одлуката на Европскиот совет за плаќања Македонија да стане дел од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, истакна дека ова е значаен чекор кон интеграцијата на земјата во европските економски текови и кон создавање на подобри услови за граѓаните и бизнисите.

„За компаниите го олеснуваме вклучувањето во прекуграничната трговија со стоки и услуги во областа на СЕПА, а за граѓаните овозможуваме поедноставни, побрзи и поевтини услуги при трансфери на пари во 38 земји од СЕПА и ЕУ. Ова е потврда дека резултатите пристигнуваат, а ние не отстапуваме од зацртаната цел – да изградиме напредна држава и развиена економија“, порача Димитриеска – Кочоска.

Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, Македонија се усогласи со европските регулативи, што ја отвора вратата за понатамошна финансиска интеграција.

Станувањето дел од СЕПА е уште еден чекор кон европските стандарди и модернизацијата на македонската економија, а Владата уверува дека ќе продолжи со реформите за забрзан економски раст.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран