ПРВ.мк

Димитриеска-Кочоска на средба со директори од Банката за развој при Советот на Европа: Зајакнување на соработката за поддршка на развојните приоритети на Македонија

Димитриеска-Кочоска на средба со директори од Банката за развој при Советот на Европа: Зајакнување на соработката за поддршка на развојните приоритети на Македонија
VERO Banner

Министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, оствари успешна средба со Арно Де Вердиер и Сонај Канбер, директори во Банката за развој при Советот на Европа. На средбата се разгледаа тековните и идни проекти за поддршка на развојот на Македонија, со акцент на забрзување на реализацијата на постоечките иницијативи и новите проекти кои ќе ја поддржат динамиката на економскиот развој на земјата.

Димитриеска-Кочоска истакна дека соработката со оваа финансиска институција е клучна за исполнување на развојните цели на Македонија и обезбедување на потребната поддршка за успешна имплементација на стратегиите за напредок на земјата.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран