Одгледувачите на овци сè уште чекаат да ги добијат субвенциите за 2025 година, додека сточарите се уште не ја примиле премијата за млекото – кравјо, овчо и козјо – бидејќи само мал дел од нив ја добиле исплатата. Покрај тоа, и градинарите и овоштарите чекаат доисплата за 2024 година.
Во одговор на прашање од „Зелена берза“, Платежната агенција соопшти дека финансиските средства за исплата се обезбедуваат и дека предметите се во финална фаза на обработка и проверка на исполнетоста на соодветните услови за исплата.
Министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски, најави дека наскоро ќе биде именуван нов директор на Агенцијата за да се обезбеди нормално тековно работење. Сегашниот директор, Илија Стоилев, е во притвор заедно со неколку службеници по откривањето на големиот скандал за поткуп со апликанти за ИПАРД 3 Програмата.

















