ПРВ.мк

47 компании ќе се опарат од првата транша од кредитната линија за инвестиции: Еве на што ќе потрошат 10,4 милиони евра

47 компании ќе се опарат од првата транша од кредитната линија за инвестиции: Еве на што ќе потрошат 10,4 милиони евра
VERO Banner

Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата.

Развојната банка денеска ја исплатила првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании, од новата кредитната линија за инвестиции и развој.

– Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48% во градежни, 22% во опрема, 10% во обновливи извори на енергија и 20% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата. Од оваа транша во најголем дел се поддржани компании од областа на производството со износ од 3 милиони евра, соопштија од Кабинетот на Управен одбор.

Првата транша, се додава во соопштението, е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што Рамковните договори со банките се потпишуваа по 31.01.2025 година.

Развојната банка, се најавува, во периодов интензивно работи на повлекување на втората транша, согласно барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и развој на компаниите.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран