ПРВ.мк
Црна Хроника

ВРХОВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: Барањето му е одбиено - еве колку години затвор ќе одлежи Јовановски!

ВРХОВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: Барањето му е одбиено - еве колку години затвор ќе одлежи Јовановски!

Врховниот суд го одби како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за Стојанче Јовановски. Со оваа одлука останува во сила затворската казна од 12 години.

Јовановски е осуден за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста, како и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Случајот се однесува на неговата сопруга Ивана, која го загуби животот откако скокна од зграда заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.

Од Врховниот суд информираа дека одлуката била донесена на седницата одржана на 21 октомври 2026 година, откако било разгледано барањето што осудениот го поднел преку своите бранители.

Со отфрлањето на барањето како неосновано, остануваат во сила претходните пресуди на Основниот кривичен суд Скопје, донесена на 7 мај 2026 година, и на Апелациониот суд Скопје од 18 јуни 2026 година.

Одлуката на Врховниот суд значи дека казната од 12 години затвор за Стојанче Јовановски останува непроменета.

Најнови вести