ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Сите бегаат, мало дете останува само на улица додека куршуми летаат околу него

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Сите бегаат, мало дете останува само на улица додека куршуми летаат околу него

Вознемирувачка видеоснимка од масовното пукање во полскиот град Краков открива драматични моменти во кои мало дете останало само на улица, додека околу него летале куршуми.

На снимката, која трае 27 секунди и се прошири на социјалните мрежи, се гледа како минувачите панично бегаат и бараат засолниште во околните објекти по почетокот на пукањето.

Додека сите се обидувале да се спасат, малото дете останало само на тротоарот, обидувајќи се да пронајде безбедно место.

Во еден момент детето се приближило до врата од блискиот објект, но таа била заклучена. На снимката се забележуваат удари од куршуми во непосредна близина на детето, кое за среќа успеало да го преживее нападот.

Страшниот настан се случи на 7 ноември во центарот на Краков, кога 24-годишниот Михаил Оксињски отворил оган врз случајни минувачи.

Во нападот загинаа шест лица, а најмалку 15 беа повредени.

Напаѓачот пукал од автоматско оружје, додека се движел со автомобил низ централното градско подрачје, предизвикувајќи паника меѓу граѓаните.

Во размена на оган со полицијата бил тешко ранет, а неколку дена подоцна починал во болница.

При претресот на неговиот дом, полицијата пронашла уште три безживотни тела. Подоцна било утврдено дека станува збор за неговите родители и сестра, за чие убиство истражителите го посочиле истиот напаѓач.

Новата снимка особено ја вознемири јавноста бидејќи покажува колку блиску детето било до смртоносните истрели.

И покрај опасноста, детето успеало да избегне повреди, а видеото повторно ги оживеа потресните сеќавања на еден од најтешките вооружени напади во Полска.

Видео: