ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ: Работник на плац тешко повреден, двајца млади во болница!

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ: Работник на плац тешко повреден, двајца млади во болница!

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Тетово, откако патничко возило излетало од коловозот и удрило во 67-годишен маж кој во тој момент извршувал работни задачи на плац.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 17:50 часот во СВР Тетово. Инцидентот се случил на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово.

Во несреќата учествувало патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С. од село Слатино, тетовско.

Од засега непознати причини, возилото излетало од коловозот, по што удрило во 67-годишниот И.Љ. од Тетово, кој во тој момент се наоѓал на плац на правен субјект и ги извршувал своите работни обврски.

Најтешко во несреќата поминал работникот, кој се здобил со тешки телесни повреди.

Повреден бил и 20-годишниот возач, како и неговиот 19-годишен сопатник Е.И., исто така од село Слатино.

Повредите кај возачот и сопатникот биле констатирани во болницата во Тетово, каде што им била укажана медицинска помош.

По пријавувањето на несреќата, на местото излегла увидна екипа од СВР Тетово, која извршила увид за да се утврдат сите околности под кои дошло до излетувањето на возилото и ударот.

Засега нема дополнителни информации за причината за несреќата, а надлежните продолжуваат со расчистување на случајот.