ПРВ.мк

УКРАДЕНО ВОЗИЛО НА АРМ ОД АВТОСЕРВИС

УКРАДЕНО ВОЗИЛО НА АРМ ОД АВТОСЕРВИС
Jumbo Banner

Товарно возило „Ивеко дејли-фургон“, сопственост на Армијата на Република Северна Македонија (АРМ,) било украдено од автосервис во скопската населба Гази Баба во текот на ноќта меѓу 27 и 28 април, соопшти МВР.

Според пријавата поднесена утрово (28.04.2025) во 08:40 часот во СВР Скопје од страна на С.А., од автосервисот каде што возилото било оставено на поправка, биле украдени и регистарски таблички од патничко возило „Мазда“, кое што исто така било донесено на сервис.

Полицијата вели дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и табличките и за целосно расчистување на случајот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран