ПРВ.мк
Црна Хроника

УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож!

УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож!

Трагичен настан ја потресе скопската јавност, откако 31-годишен маж е приведен под сомнение дека со нож му нанел смртоносни повреди на својот 52-годишен татко во семејниот дом.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 12 јули во вечерните часови, а околу 23:00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Џ. (31) од Скопје, на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар.

Според пријавеното, драмата започнала околу 22:35 часот во семејниот дом, каде неговиот татко Е.Л. (52), кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, односно мајката на осомничениот.

По случувањата во домот, според првичните информации, Б.Џ. со нож му нанел убодни повреди на својот татко, по што настанот бил пријавен во полиција.

Жената која била нападната веднаш била пренесена во Специјалната болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите ѝ укажале медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот Е.Л. е предадено на обдукција во рамки на истражната постапка. Надлежните органи продолжуваат со собирање на сите информации и докази за целосно расчистување на случајот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по комплетирањето на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава, а повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.