Во Куманово, 68-годишен маж бил пронајден без знаци на живот во сопствениот дом, информираа од СВР Куманово.
Според официјалните информации, случајот бил пријавен на 27 март околу 17:58 часот, кога било констатирано дека лицето, идентификувано како О.М., починало во својот дом на улицата „Драган Стопаревиќ“.
На местото пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, каде лекар ја потврдил смртта.
Засега нема дополнителни информации за причините за смртта, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.



















