ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Маж загина откако со мопед излетал на коловозот!

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Маж загина откако со мопед излетал на коловозот!

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила во Охрид, каде 67-годишен охриѓанец го загубил животот додека управувал мопед.

Од СВР Охрид информираат дека несреќата била пријавена на 17 септември 2026 година околу 11:30 часот. Според пријавеното, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, кој управувал мопед со охридски регистарски ознаки, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.

Од здобиените повреди, И.Б. починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото и ја констатирал смртта.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, која треба да ги утврди дполнителните околности поврзани со смртта.

На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид. Полицијата и надлежните институции работат на утврдување на сите околности под кои дошло до трагичниот настан.