ПРВ.мк

Тетовец со возило удрил во количка со бебе на пешачки и побегнал – Детето е повредено

Тетовец со возило удрил во количка со бебе на пешачки и побегнал – Детето е повредено
VERO Banner

Тетовската полиција денеска информира дека вчера било пријавено дека е повредено дете на возраст од од 15 месеци откако била удрена количката во која го носеле неговите родители.

Количката била удрена од возило, по што возачот не застанал, туку си заминал од местото.

На ден 06.03.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА” се случила сообраќајна незгода, во кое патничко возило „пасат” со тетовски регистерски таблици, удрило во количка во кое седело петнаесет месечно дете, кое на пешачки премин поминало со неговите родители Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, и по незгодата напуштило лице место. Веднаш било постапено и по пријавената потрага во 16.30 часот било пронајдено и обезбедено возилото управувано од А.М. (67) од село Шипковица, за понатамошна постапка. Во незгодата со телесни повреди се здобил малолетното дете констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.

Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран