ПРВ.мк

Голема тага во Луксембург: Принцот Фредерик почина на 23-годишна возраст, боледуваше од ретка болест

Голема тага во Луксембург: Принцот Фредерик почина на 23-годишна возраст, боледуваше од ретка болест
VERO Banner

Принцот Фредерик од Насау почина на 23-годишна возраст. Младиот принц уште од детството боледуваше од ретка болест позната како синдром на исцрпување на митохондриска ДНК, која ја троши енергијата на клетките, доведувајќи до прогресивна дисфункција и откажување на органите.

Тажната вест ја сподели неговиот татко, принцот Роберт од Луксембург. И покрај сите напори на неговото семејство и медицинските експерти, Фредерик ја загуби битката со болеста на 1 март. На Денот на ретките болести, 28 февруари, кога почувствувал дека животот му се ближи кон крајот, тој се простил со членовите на семејството.

Болеста на принцот е генетско нарушување што ги лишува клетките на телото од енергија, што доведува до прогресивна дисфункција и откажување на повеќе органи. Лаички кажано, може да се спореди со неисправна батерија што никогаш не се полни целосно и постојано се празни. Оваа болест е ретка, но разорна. Го намалува бројот на копии на ДНК во митохондриите, оставајќи ги клетките немоќни.

Фредерик од најмала возраст покажувал симптоми што дури подоцна биле препознаени како последица на POLG мутацијата. Неговиот татко за данскиот весник „Виргул“ ги опиша првите знаци на болеста: „Беше бебе што спиеше додека другите деца трчаа наоколу. Подоцна се појавија проблеми со рамнотежата и координацијата. Постојано ја губеше силата и често беше болен“.

Целиот текст на Слободен печат 

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран