ПРВ.мк

Тетовец пријавен за измама: Зел 22.000 евра за објект, па ги набркал геодетите и не ги вратил парите

Тетовец пријавен за измама: Зел 22.000 евра за објект, па ги набркал геодетите и не ги вратил парите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. (63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, во текот на 2024 година, оштетен 61-годишен тетовец се договорил со пријавениот да купи дел од објект за сума од 22.000 евра. По потпишување на договорот и исплатата на парите, страните договориле геодетско мерење и поделба на просторот.

Но, кога геодетите пристигнале на терен за да ја извршат потребната поделба, Р.А. изразил незадоволство од мерењето и ги избркал од локацијата. До моментот на пријавување на случајот во април 2025 година, осомничениот не дозволил да се направи поделба на објектот, ниту му ги вратил парите на оштетениот.

Случајот е проследен до надлежното јавно обвинителство.

Сподели го овој напис