Денеска (13.06.2025) во 03.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бардовци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Ѓ.(36) од с.Бардовци. Од пожарот било зафатено и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Н.(67) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Страв и пламен во Бардовци: Две возила изгореа во мистериозен ноќен пожар!
