На 21.03.2025 во 17.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во близина на кружен тек со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблички, управувано од Е.Ј. (31) од с. Челопек, удрило во малолетник од с. Саракино. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.