ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Сообраќајот целосно парализиран

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Сообраќајот целосно парализиран

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот што води кон Солун, при што животот го загуби едно лице, а сообраќајот на оваа делница е во целосен прекин.

Според првичните информации од грчките медиуми, до несреќата дошло во близина на наплатната рампа Малгара, кај клучката Еврони, каде директно се судриле патнички автомобил и камион.

Во несреќата тешко била повредена 70-годишна жена која била пренесена во болница, но подоцна им подлегнала на повредите. Мажот кој се наоѓал во автомобилот се здобил со полесни повреди и е задржан на лекување.

По судирот, возилата останале на коловозот, поради што сообраќајот на автопатот бил целосно запрен. На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски и спасувачки екипи кои вршат увид и ги утврдуваат причините за трагедијата.

Поради затворената делница, формирани се долги колони од возила, а возачите се соочуваат со значителни доцнења.

Грчката полиција работи на расчистување на местото на несреќата и нормализирање на сообраќајот, додека истрагата за околностите под кои дошло до судирот е во тек.

До возачите кои патуваат кон Солун е упатен апел за зголемена внимателност и трпение поради отежнатите услови на патот.