ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН РАСПЛЕТ НА СЛУЧАЈОТ: Убиецот на мајка на шест деца пронајден мртов во затвор - еве колку години ја малтретирал!

СТРАШЕН РАСПЛЕТ НА СЛУЧАЈОТ: Убиецот на мајка на шест деца пронајден мртов во затвор - еве колку години ја малтретирал!

Мажот осомничен за тешкото убиство на неговата сопруга во Слатина, М. П., извршил самоубиство во затворот во Загреб, каде што бил притворен по апсењето и испитувањето за злосторството што се случи на 8 септември.

Од хрватското Министерство за правда соопштија дека трагичниот настан се случил во саботата, 12 септември 2026 година, околу 15:30 часот, во затворот во Загреб.

„Во затворот во Загреб во саботата, 12 септември 2026 година, околу 15:30 часот, истражниот затвореник М. П. извршил самоубиство. За настанот се известени сите надлежни органи. Во тек е полициски увид, како и други постапки за утврдување на сите околности“, соопштиле од Министерството.

Според сомнежите на Жупаниското државно обвинителство во Бјеловар, 40-годишниот маж со години вербално и физички ја малтретирал својата сопруга. На 8 септември, по вербален конфликт, тој наводно ја нападнал со остар предмет додека децата биле во куќата. Жената починала на местото на настанот.

Според досегашните информации, мажот од почетокот на 2022 година до овој месец често ја вербално и физички ја напаѓал сопругата, при што нападите неретко се случувале под дејство на алкохол и пред нивните деца. Во текот на еден од претходните конфликти, наводно ѝ се заканил и дека ќе ја убие.

Убиената жена зад себе оставила шест деца. Според информации што нивни познаници и членови на семејството ги споделиле со хрватските медиуми, злосторството се случило во момент кога едно од децата го славело својот роденден.

Блиски на семејството претходно тврделе дека жената со месеци предупредувала дека се плаши за себе и за своите деца. Во јули, по физички напад, таа завршила во болница, а потоа започнала постапка за развод.

Сега, покрај истрагата за околностите на нејзината смрт, надлежните органи во Хрватска ќе ги утврдуваат и сите детали поврзани со самоубиството на осомничениот во затворот.