ПРВ.мк
Црна Хроника

„СРПСКИ ЏИНОВИ“ СЕАТ СТРАВ ВО ШПАНИЈА: Откритие во ќелијата на уапсените поради „соба за мачење“, чуварите во ПАНИКА испратиле ИТНО БАРАЊЕ!

„СРПСКИ ЏИНОВИ“ СЕАТ СТРАВ ВО ШПАНИЈА: Откритие во ќелијата на уапсените поради „соба за мачење“, чуварите во ПАНИКА испратиле ИТНО БАРАЊЕ!

Безбедносниот систем во шпанскиот затвор „Алхаурин де ла Торе“ во Малага повторно се најде под зголемен притисок, откако кај еден од членовите на српска криминална група биле пронајдени два мобилни телефони.

Станува збор за група од седум српски државјани кои неодамна биле уапсени во луксузна вила во Естепона поради сомневања поврзани со киднапирање, тешко насилство и обид за убиство.

Пронаоѓањето на мобилните телефони во затворот предизвикало реакција кај затворските власти, бидејќи постои сомневање дека преку нив притворените можеле да одржуваат комуникација со лица надвор од затворот.

Затворскиот синдикат TAMPM предупредил дека проблемот со внесување недозволени предмети во затворот е поширок. Според нив, во одредени делови од установата се забележани обиди за внесување мобилни телефони и наркотични средства со помош на дронови.

По пронаоѓањето на двата телефона, притвореникот бил итно преместен во друг модул.

Групата веднаш одвоена

При приемот на седумте српски државјани во затворот, безбедносните мерки биле засилени. Според пишувањата на шпанските и српските медиуми, станувало збор за лица со крупна физичка градба, поради што затворските службеници имале дополнителни безбедносни мерки.

Групата, според наводите, се обидела да биде сместена во ист дел од затворот, но барањето било одбиено.

Затворската управа ги распоредила во различни модули, со цел да се намали можноста за меѓусебна координација.

Затворскиот синдикат во меѓувреме побарал дополнителни мерки за безбедност и подобар увид во профилот на лицата кои се сместуваат во установата.

Уапсени по полициска акција во Естепона

Седумтемина биле уапсени во септември во луксузна вила во Естепона. Истрагата ги поврзува со криминална група за која постојат сомневања дека била вмешана во шверц на големи количини кокаин и насилни пресметки.

Според досегашните наводи од истрагата, конфликтот настанал поради пропадната пратка кокаин и голем финансиски долг.

Полицијата во вилата пронашла предмети и докази кои се разгледуваат во рамките на истрагата, а случајот вклучува сомневања за киднапирање, насилство и обид за убиство.

Акцијата започнала откако една од лицата поврзани со случајот ја известила полицијата дека нејзиниот близок не се јавувал. По пристигнувањето на полицијата во вилата, биле пронајдени лица со повреди, по што следувале апсењата.

Истрагата во Шпанија продолжува, а затворските власти дополнително ги следат притворените поради сомневањата дека и од затвор можеле да се обидат да одржуваат контакти со лица надвор од установата.

Најнови вести