ПРВ.мк

Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
Vero

Во Основен Кривичен суд Скопје, за денеска е закажано ново рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На минатото рочиште се запчна со дополнение на докази, откако заврши доказната постапка. Дополнителни докази изведуваше Обвинителството, меѓу кои имаше и снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев. Според тие снимки, Обвинителството смета дека се потврдило дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања. На снимките е видливо дека Манев става лопата во „Рено Кангу“.

Обвинителкската Жаклина Трајковска на минатото рочиште рече дека Обвинителството и натаму останува на ставот дека мотивот за убиствата е користољубие. 

-Апсолутно во случајов се работи за користољубие. Од самиот почеток до извршувањето на делата, обвинетите заедно се договорале и се кородинирале да ги преземат сите дејствија со цел да си остварат користољубие. Со убистовто на Вања се докажува дека сите заедно ги превзеле дејствијата, само заради таа причина, рече Трајковска.

Претходно, Обвинителството презентираше дека обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, а воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот.

Бранителите на Палевски и на Видевски побараа вештачење на пронајдената чаура покрај телото на Жежовски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран