ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Патниот правец кон Бања затворен - ова е причината!

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Патниот правец кон Бања затворен - ова е причината!
Kristal

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на патот кон тетовското село Бања се појавило свлечиште, поради што се апелира до возачите да не ја користат оваа делница.

По пријава на бројот за итни повици 112, екипите од ЦУК известуваат дека врнежите од дожд предизвикале ново свлечиште, кое моментално ја загрозува безбедноста на сообраќајот. Општинските служби се на терен, ја следат состојбата и работат на стабилизирање на патот.

Граѓаните се молат да избегнуваат патување на оваа делница додека не биде обезбедена безбедност, со цел спречување на несакани инциденти.

FixCredit
Escape