Навивачката група Комити Скопје соопшти дека починал нивниот член Дени Маневски, испраќајќи емотивна порака до јавноста и до своето членство.
Од групата истакнаа дека загубата е голема и дека во вакви моменти сите спортски теми паѓаат во втор план, нагласувајќи дека другарството на трибината за нив е над сè.
„Денес победата и изданието паѓаат во втор план, затоа што другарството на трибината за нас е секогаш над сè! Го известуваме членството дека денес не напушти Дени Маневски, уште еден брат од трибината, уште еден од оние кои младоста ја оставиле на трибина“, стои во соопштението.
Тие упатија сочувство до семејството и пријателите на починатиот, додавајќи дека тој засекогаш ќе остане дел од нив.








