ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОКАНТНА ВИСТИНА ЗАД ДОБРОТВОРНА КАМПАЊА: Илјадници изманипулирани со лажно болно дете, Лазаров алармира!

ШОКАНТНА ВИСТИНА ЗАД ДОБРОТВОРНА КАМПАЊА: Илјадници изманипулирани со лажно болно дете, Лазаров алармира!
Escape

Една од најголемите донациски измами последниве години ја потресе јавноста откако беше откриено дека се собрани над 250.000 евра за непостоечко дете по име Даниел. Кампањата, која се ширеше преку социјалните мрежи и ги мобилизираше емоциите на илјадници граѓани, се покажала како целосно лажна и организирана измама.

Прв кој јавно реагираше е д-р Ненад Лазаров, специјалист по гинекологија и акушерство, кој преку својот Фејсбук профил алармираше за сомнителноста на случајот и ги повика институциите веднаш да преземат мерки.

Според платформата Ecrowd.mk, станува збор за лажно прикажана хуманитарна фондација со име DAWN OF A CHILD INC., наводно со седиште во САД, а донацискиот домен (https://be.dawnofchild.org) бил регистриран во Исланд – локација која често се користи од измамници кои сакаат да го сокријат својот дигитален траг.

„Такво правно лице не постои. Веќе има речиси 1.000 донатори, главно од Македонија и Бугарија. Линкот до објавата е очигледно генериран со вештачка интелигенција. Станува збор за класична измама. Не наседнувајте!“, предупредуваат од Ecrowd.mk.

Досега собраните средства надминуваат 250.000 евра, а граѓаните кои веќе донирале се повикуваат итно да ја пријават измамата во МВР, при што треба да достават банкарски изводи како доказ. Дополнително, им се советува веднаш да ги откажат сите евентуални претплати поврзани со донациската шема преку своите банки, за да спречат дополнително повлекување на пари.

Д-р Лазаров апелира до властите да спроведат темелна истрага и да спречат вакви манипулации со чувствата и хуманоста на граѓаните, кои секојдневно се изложени на потенцијални измами преку интернет.

Овој скандал уште еднаш ја отвори темата за регулирање и проверка на онлајн донациските платформи, особено кога станува збор за кампањи што допираат до најдлабоките човечки емоции.

Mia Home Mavrovo