ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОКАНТЕН НАСТАН: Студентка по медицина пет години лажно изведувала козметички процедури!

ШОКАНТЕН НАСТАН: Студентка по медицина пет години лажно изведувала козметички процедури!

Само еден ден по трагичниот случај со жена која падна во кома по козметичка процедура, нов скандал од Сибиу ја потресе Романија. Полицијата открила 23-годишна студентка по медицина која уште од 18 години нелегално изведувала козметички третмани во својот дом – без лиценца, без завршени студии и без никакво овластување.

Младата девојка привлекувала клиенти преку интернет, градејќи совршен имиџ со фотографии од луксузен животен стил, патувања и беспрекорна шминка. Илјадници ја следеле на социјалните мрежи, а таа дури се снимала додека подготвувала клиенти за интервенции.

По пријавата, полицијата извршила претрес и открила импровизирана ординација со инјекциски супстанции, лекови и медицинска опрема. Локалните медиуми пренесуваат сведоштва од клиенти кои останале со деформирани усни и морале да бараат помош од лиценцирани доктори.

Случајот повторно го отвори прашањето за нелегалните клиники во Романија. Поранешниот министер за здравство Александру Рогобете откри дека за краток период се направени над 54.000 проверки, одземени над 120 работни дозволи и затворени десетици клиники.

Романската лекарска комора апелира граѓаните да го користат електронскиот регистар за проверка на статусот и специјалноста на секој лекар пред да му го доверат своето здравје.

Романија е меѓу земјите со најголем број козметички процедури по глава на жител – околу три на илјада луѓе, најчесто зголемување на градите, усните и ринопластика. Овој скандал е потсетник дека зад блескавите фотографии на социјалните мрежи може да се крие опасност за здравјето.