ПРВ.мк
Црна Хроника

ПУКАЊЕ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН: Има повредени - МВР со шокантни детали!

ПУКАЊЕ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН: Има повредени - МВР со шокантни детали!

Жител од скопското село Шишево е приведен по пријава дека употребил огнено оружје и повредил сограѓанин во инцидент што се случил на влезот во селото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода Г.А. (43) од Шишево, постапувајќи по пријава од И.Ш. (исто од селото), кој пријавил дека бил нападнат околу 16:10 часот.

Како што е наведено, пријавителот тврди дека бил пресретнат од две лица од селото, по што едно од нив, Г.А., извадил пиштол и испукал кон него, при што му нанел повреда во пределот на увото.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.