ПРВ.мк

Притворени и четири други лица за пукањето во Штип, кои му помагале на лицето кое уби 25-годишен турски студент, да побегне

Притворени и четири други лица за пукањето во Штип, кои му помагале на лицето кое уби 25-годишен турски студент, да побегне
Jumbo Banner

И од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопштија детали за синоќешното убиство во кафуле на Градскиот плоштад во Штип, во кој беше убиен 25-годишниот Е.О., студент од Турција.

Како што е познато напаѓачот, исто така од Турција, беше во бегство, по што е уапсен.

По пикањето студентот бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде што во 22.10 часот починал.

Од МВР велат дека во потрагата по напаѓачот бил употребен и дрон, а од таму го соопштија и неговиот идентитет. Станува збор за К.К. (21).

Уапсени се и А.Х. (22), Т.М. (22), О.М. (29) и А.О. (28), сите од Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.

-Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле  А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода.

Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.

Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран