ПРВ.мк

Пријавени три случаи на напад врз малолетници, еден малолетник бил нападнат од шест лица, а бил употребен и тврд предмет

Пријавени три случаи на напад врз малолетници, еден малолетник бил нападнат од шест лица, а бил употребен и тврд предмет
VERO Banner

Во полицискиот билтен на МВР беа забележани три случаи на напад врз малолетнии.

Првиот случај е приајвен во 11.30 часот во СВР Скопје, каде 41-годишниот Д.П. пријавил дека во основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца соученици, а биле употребени и тврди предмети

Вториот случај повторно е во Скопје каде во 12 часот во полициска станица во Скопје било пријавено пријавено дека во средно приватно училиште на подрачјето на Карпош, малолетник бил физички нападнат од негов соученик

Третиот случај е во Виница каде на 21.03.2025 во 14.40 часот било пријавено дека на 11.03.2025 околу 18.30 часот во Виница малолетник бил физички нападнат од П.Д., тројца малолетници и уште две други лица, а бил употребен и тврд предмет.

Во сите случаи од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настаните.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран