Полицијата со детали за сообраќајката на експресниот пат Штип – Кочани во која има две човечки жртви.
Полицијата извести дека вчера во 13.15 часот во полициската станица во Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, на надвозникот кај село Тркање се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „пежо 308“ управувано од Б.М.(64) од Кочани и возило „фолксваген ап“ управувано од Р.Д.(58) од Скопје, сопственост на правен субјект од Скопје.
Во несреќата на лице место починале возачите на двете возила, што било констатирано од страна на ИМП Кочани, а возилото „Фолксваген ап“ било целосно опожарено.
Извршен бил увид а по наредба на надлежен ЈО телата на починатите биле предадени на обдукција.