ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОТРАГА ПО 26-ГОДИШНИК ОД МАКЕДОНИЈА: Се оддалечил од семејниот дом пред два дена и сè уште не е пронајден!

ПОТРАГА ПО 26-ГОДИШНИК ОД МАКЕДОНИЈА: Се оддалечил од семејниот дом пред два дена и сè уште не е пронајден!

Дваесет и шестгодишен жител на Гостивар бил пријавен за исчезнат, откако го напуштил семејниот дом на 14 октомври и оттогаш не се вратил, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 16 октомври 2026 година, во 1:20 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар. Пријавата ја поднела С.Ш. (20), која известила дека нејзиниот брат, Ш.Ш. (26), пред два дена го напуштил домот.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат соодветни мерки и активности за пронаоѓање на исчезнатиот гостиварец.