ПРВ.мк
Црна Хроника

Поплави во Македонија – евакуација на граѓани во овие делови!

Поплави во Македонија – евакуација на граѓани во овие делови!
Kristal

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија западна Македонија предизвикаа сериозни поплави и свлечишта на неколку локации, а евакуацијата на загрозените жители е во тек, соопшти Центарот за управување со кризи.

Поплави се забележани во Кичево и Охрид, каде што најмногу страдаат домаќинствата и локалната инфраструктура. Во Кичево, водата навлегла во повеќе куќи на улицата „Прилепска“, а на терен се екипи на Општината, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст и ЈКП „Комуналец“, кои работат на спасување и помош на погодените граѓани.

Во Охрид, поплавени се подруми, гаражи и дворови, а локалните власти и Кризниот штаб активно постапуваат по пријавите од граѓаните за да ги минимизираат штетите.

Патните правци Гостивар – Стража и Тетово – Бањиче се соочуваат со одрони, кои предизвикуваат повремени застои во сообраќајот, па од ЦУК апелираат до граѓаните да ги избегнуваат овие делници додека не се стабилизира состојбата.

Екипите на терен постојано ја следат состојбата и обезбедуваат евакуација и помош за најризичните населени места, додека се очекуваат дополнителни врнежи во наредните денови.

FixCredit
Escape