ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Падна помагач во обид за ликвидација – запленети 15 кг експлозив!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Падна помагач во обид за ликвидација – запленети 15 кг експлозив!
Kristal

Голема координирана акција ја потресе Црна Гора откако полицијата уапси 43-годишник осомничен за помагање во обид за убиство на припадник на озлогласената „шкаљарска“ група.

Според соопштението на Uprava policije Crne Gore, претреси биле извршени на дури 11 локации во Никшиќ и Грахово. Акцијата била насочена кон лица блиски до меѓународно барано лице поврзано со организиран криминал.

При акцијата биле запленети пет парчиња огнено оружје, околу 15 килограми експлозив, стотина пиротехнички средства, електрошокер, мобилни телефони, компјутер и товарно возило. Осомничениот Н.А. се товари дека на 10 декември 2025 година во угостителски објект во Никшиќ помогнал во извршување на обид за тешко убиство на лице означено како А.М., наводен член на „шкаљарците“, и уште едно лице од Никшиќ.

Во координација со Više državno tužilaštvo u Podgorici, осомничениот е приведен и ќе одговара и за недозволено поседување оружје и експлозивни материи.

Дополнително, при претресите во Грахово и околните места биле пронајдени ловечки и воздушни пушки, како и помала количина марихуана, по што уште едно лице било приведено поради прекршок поврзан со злоупотреба на дрога.

Акцијата испрати јасна порака дека безбедносните служби засилено ги следат организираните криминални структури и нивните соработници.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo