Шокантна судска одлука ја потресе јавноста откако 37-годишен алпинист беше прогласен за виновен за смртта на својата девојка, која ја оставил на самиот врв по драматично искачување во екстремни зимски услови.
Според судот, двојката се соочила со сериозни проблеми за време на искачувањето – исцрпеност, силен ветер и темнина. Таа останала без сила да продолжи, а тој решил да замине по помош, оставајќи ја сама, изложена на студот. Кога подоцна било пронајдено нејзиното тело, во ранецот сè уште стоеле термо-фолијата и бивак-вреќата што можеле да ѝ го спасат животот.
Обвинетиот тврдеше дека станувало збор за трагична несреќа и дека постапил во паника. Но судот оцени дека како поискусен планинар имал обврска навреме да ја процени состојбата и да не ја доведе во ситуација без излез.
Осуден е на условна затворска казна и парична глоба, но случајот предизвика бурни реакции – дали станува збор за трагична грешка или неодговорна одлука што чинела млад живот?
Само двајца тргнале кон врвот. Се вратил само еден.

















