ПРВ.мк
Црна Хроника

Откриени имињата на повредените во пожарот во Виница – меѓу нив и менаџер на Винчини

Откриени имињата на повредените во пожарот во Виница – меѓу нив и менаџер на Винчини

По големиот пожар во фабриката на Винчини во Виница, пожарникарот и лидер на хуманитарното здружение „Подај рака, спаси живот“, Александар Георгиевски од Штип, го информира јавноста дека сите повредени се стабилни и никој не е сериозно загрозен.

Хоспитализираните лица во болницата во Кочани се:

  • Кристијан Атанасов – пожарникар од Свети Николе (ТППЕ Свети Николе)
  • Дејан Јаневски – менаџер за продажба во Винчини од Виница
  • Станко Спасов – поранешен командир на Виница кој волонтерски помогнал на лице место
  • Александар Георгиевски – пожарникар од ТППЕ Штип

Георгиевски истакна дека сите единици, волонтери и доброволци се бореле со пожарот чесно и посветено, и посочи дека персоналот на Кочанската Општа болница се однесувал професионално и посветено, за што изрази огромна благодарност.

Вкупно 18 лица биле пренесени во болницата, дел останале во Кочани, а дел препратени на клиники во Скопје, сите во стабилна состојба.

Escape