Тешка сообраќајка во Чаир: Почина 75-годишен возач на „мерцедес“
Утрово околу 10 часот на булеварот „Цветан Димов“ во скопската општина Чаир се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 75-годишниот возач на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички.
Според првичните информации, „мерцедесот“ управуван од М.Д. (75) се судрил со паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблички, кое претходно било управувано од Х.И. Од силината на ударот, комбето се придвижило и удрило во друго паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблички, претходно управувано од Л.С.
Екипа од Итната медицинска помош на лице место ја констатирала смртта на возачот на „мерцедесот“. Надлежните служби, во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, вршат увид за да се утврдат причините за несреќата.