Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов потврди дека во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени.
Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.