ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВА НЕСРЕЌА НА РАБОТНО МЕСТО: Работник загина на градилиште - еве што се случило и кој го направил пропустот!

НОВА НЕСРЕЌА НА  РАБОТНО МЕСТО: Работник загина на градилиште - еве што се случило и кој го направил пропустот!

Шеесет и едногодишен работник починал по тешка несреќа што се случила на градилиште во белградската населба Сопот.

Според информациите, несреќата се случила околу пладне, кога врз работникот се урнал потпорен ѕид. Тој се здобил со сериозни повреди и итно бил пренесен во локален дом на здравје, каде подоцна им подлегнал на повредите.

По инцидентот, надлежната инспекција го затворила градилиштето, а започната е истрага која треба да ги утврди причините и околностите под кои дошло до трагедијата.