Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес ноќеска во 02:20 часот ја лишиле од слобода 63-годишната М.Т. од Велес, по претходна пријава за семејно насилство.
Според пријавата, жената во семејниот дом физички го нападнала својот 68-годишен сопруг, при што употребила остар предмет.
Предметот бил пронајден и одземен од страна на полицијата. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.







