ПРВ.мк

МВР ТРАГА ПО СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ

МВР ТРАГА ПО СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ
Jumbo Banner

Синот на поранешниот градоначалник на општина Долнени, Абдула Ќемали е во бегство и по него трага МВР трага по објавеното видео со пукање од калашников и пиштол на социјалните мрежи. 

Како што објави „Алфа“, синот на поранешниот градоначалник на Долнени кој со пушка и пиштол пукал среде населено место, и тоа го објави на „Фејсбук“, МВР ја спроведе акцијата по видеото кое од синоќа стана вирално на социјалните мрежи, а на кое се гледа како Абдула Ќамили пука со оружје.

Уапсен е неговиот татко  ексградоначалникот Џемаил Ќамили, а по неговиот син се трага.

Бидејќи сомневањата се дека снимката е направена во дворот на ексградоначалникот, одземен е уред поврзан со видео надзорот во нивниот дом за да се утвдат деталите.

ELS

При претресот, припадниците на МВР пронашле три парчиња оружје, сите поседувани со дозвола од ексградоначалникот. Дома си имале репетирачки карабин, полуавтоматски пиштол, како и ловна пушка. Тие поседувале и соодветна муниција. Па така, запленети се 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон. Моментално, истрагата против таткото кој е ексградоначалник и синот кој пукал се води за предизвикување на општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран