43-годишен жител на Битола бил пронајден починат во автосервис на улицата „Македонска Фаланга“ во Битола.
Случајот бил пријавен во полиција, по што полициски службеници од СВР Битола извршиле увид на местото на настанот.
Смртта на Ф.Е. од Битола ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Според првичните информации, при увидот на телото не биле забележани видливи траги на насилство.
За да се утврдат точните причини и околности за смртта, јавен обвинител наредил да биде извршена обдукција врз телото на починатиот.
По добивањето на резултатите од обдукцијата се очекува да бидат познати дополнителни информации за причината за смртта.







