Македонската јавност утрово ја потресе трагичната вест – почина Владимир Блажев – Панчо, еден од најпознатите членови на легендарното дуо ДНК. По долгата и тешка битка со повредите што ги доби во трагичната несреќа во Кочани, Панчо ја загуби животната битка во болницата каде што се лекуваше.
Со неговото заминување, македонската музика изгуби еден од своите најавтентични и најпознати артисти. Повеќе од две децении заедно со Андреј, Панчо го создаде едно од највлијателните дуоа во современата македонска сцена – ДНК. Нивните песни како „Некогаш ќе помине“, „Горе доле“, „Црно на бело“ и многу други остануваат како вечен спомен на нивната искреност, емоција и посветеност кон музиката.
Неговата харизма, топлина и човечност ќе останат запаметени не само меѓу колегите, туку и меѓу илјадниците фанови кои со години ги следеа неговите настапи.
Македонија денес тагува за еден голем уметник, човек со големо срце и душа што ја полнеше секоја сцена.
Изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство, колегите и сите блиски на Панчо. Неговата музика ќе живее вечно.