Мајката на 14-годишното момче кое на 22 јуни било тешко повредено во инцидент во скопската населба Ченто, Џељана Селими, реагира дека случајот не се третира со соодветна правна квалификација.
Во изјава за „Слободен печат“, таа наведува дека од полицијата случајот засега се води како „насилство“, иако, според нејзините тврдења, околностите укажуваат на многу посериозно кривично дело.
Таа посочува дека нападот бил брутален и дека, според нејзини информации, кај напаѓачите имало и огнено оружје.
Од Обвинителството за „Слободен печат“ потврдуваат дека сè уште немаат примено кривична пријава за настанот од страна на МВР.
Случајот е во фаза на проверка, а јавноста очекува официјално разјаснување на квалификацијата и натамошните чекори на истрагата.







