ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА ТРАГЕДИЈА: Поранешен почитичар си ја уби сопругата, па се самоуби пред очите на децата!

КРВАВА ТРАГЕДИЈА: Поранешен почитичар си ја уби сопругата, па се самоуби пред очите на децата!

Шок и неверување владеат во Вирџинија по веста за грозоморното злосторство во домот на Џастин Ферфакс, поранешниот заменик-гувернер на оваа држава. Истражителите потврдија дека Ферфакс неколку пати пукал во својата сопруга, по што го свртел пиштолот кон себе и си го одзел животот. Најтрагичниот детаљ во оваа крвава драма е што нивните деца, тинејџери, биле во куќата во моментот кога се случиле убиството и самоубиството.

Според полицијата во Анандејл, инцидентот избил спонтано и „одеднаш“, како последица на длабоки брачни проблеми. Иако двојката сè уште живеела под ист покрив, тие биле во процес на разделба. Шерифот Кевин Дејвис изјави дека ова е незамислива трагедија за едно досега почитувано семејство, нагласувајќи го ужасот низ кој поминале децата кои во една секунда останале без двајцата родители.

Џастин Ферфакс беше историска фигура во политиката на Вирџинија како втор Афроамериканец избран на висока државна функција, но неговата кариера беше проследена со контроверзии и обвинувања за сексуален напад. Политичкиот врв на САД е во шок, а поранешниот гувернер Ралф Нортам изјави дека е „скршен“ од веста за смртта на своите блиски соработници. Додека истрагата продолжува да ги открива деталите за последните моменти на семејството Ферфакс, јавноста останува занемена пред суровоста на овој чин кој згасна два животи и засекогаш уништи едно семејство

Најнови вести