ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Шокантни детали од брзата полициска акција откако 30 „Фемили“ нападнаа 50 навивачи на Работнички и тешко повредија малолетник!

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Шокантни детали од брзата полициска акција откако 30 „Фемили“ нападнаа 50 навивачи на Работнички и тешко повредија малолетник!

Секторот за внатрешни работи Скопје за кратко време го расчиши вчерашниот инцидент и насилство што се случи пред кошаркарскиот натпревар во Спортскиот центар „Јане Сандански“, кога дојде до физички судир меѓу ривалски навивачки групи, при што тешко беа повредени малолетни лица.

Според официјалните информации од МВР, поднесена е кривична пријава по брза постапка против лицето П.А. за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 4 и 6 од Кривичниот законик. Осомничениот веќе е лишен од слобода по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Инцидентот се случил кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнала група од околу 50 навивачи на Кошаркарскиот клуб „Работнички“, кои мирно чекале пред спортската сала за да влезат на натпреварот. Во немирите, тешки телесни повреди здобил 16-годишен малолетник од Скопје.

Покрај првоосомничениот, полициските службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М. (18) и Д.П. (18), двајцата од Скопје, поради сомнение за директно учество во насилството. Од полицијата информираат дека истрагата продолжува со зголемен интензитет, при што во текот на денот се повикуваат и други лица за кои ќе се утврди дека биле дел од групата изгредници, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни законски поднесоци.

МВР упати остра осуда за инцидентот и апел до сите навивачки групи за фер, коректно и спортско однесување, нагласувајќи дека државните институции нема да толерираат никаква форма на насилство и нарушување на јавниот ред и мир на спортските терени.

Најнови вести