ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор во Скопје: За да си го спаси животот, скокнала од автомобил во движење

Хорор во Скопје: За да си го спаси животот, скокнала од автомобил во движење

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за семејно насилство, откако, според истрагата, физички ја нападнал и ја повредил својата сопруга, која во обид да се спаси скокнала од автомобил во движење.

Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 20 јуни додека двајцата се наоѓале во автомобил. Осомничениот, наводно, ја влечел сопругата, ѝ упатувал закани и во еден момент се обидел да ја удри со стаклено шише.

Исплашена за својата безбедност, жената ја отворила вратата од возилото и скокнала додека автомобилот бил во движење. По нејзиниот скок, осомничениот го запрел возилото и, според наводите, се обидел насилно повторно да ја внесе во автомобилот, при што ѝ нанел телесни повреди.

По пријавувањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осомничениот за кривично дело поврзано со семејно насилство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложил определување мерки на претпазливост. Меѓу нив се забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во судот, привремено одземање на патните исправи, како и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетената.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.