ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ: Рација во 26 објекти, одземени купишта докази – на удар педофилска мрежа од 16 до 84 години!

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ: Рација во 26 објекти, одземени купишта докази – на удар педофилска мрежа од 16 до 84 години!
Kristal

Масовна полициска операција ја крена на нозе Германија утринава, откако стотици полицајци упаднаа на десетици локации во градот Хале. Ова не беше обична рација; целта беа лица осомничени за сериозен интернет криминал и ширење на монструозни материјали со детска порнографија. Ситуацијата беше толку сериозна што локалните сили мораа да побараат итно засилување од елитни единици од Баварија и специјални кучиња трагачи.

Истрагата, која се водела во строга тајност, резултираше со претрес на дури 26 згради низ целиот град. Оона што најмногу ја згрози јавноста е возраста на осомничените – во мрежата биле вклучени лица од тинејџерска возраст од само 16 години, па сè до стареци на 84-годишна возраст. Полицијата изнесуваше полни кутии со компјутери, мобилни телефони и надворешни дискови кои служеле за складирање на нелегалните содржини. Сите осомничени биле приведени на сослушување, додека форензичарите сега работат на дешифрирање на дигиталните докази кои би можеле да откријат уште поголем скандал.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape