Додека светот веруваше дека во Чернобил се случила „обична несреќа“, Сергеј Белјаков со голи раце го отстранувал смртоносниот графит од покривот на реакторот број 4. Четири децении подоцна, овој храбар „ликвидатор“ ја отвора душата за ужасите што ги видел и цената што сè уште ја плаќа со своето здравје.
Сергеј бил еден од 600.000 доброволци кои биле пратени во зоната на смртта. Опремен само со обичен респиратор и две оловни плочи, тој се нашол на само неколку метри од отвореното нуклеарно јадро. Експертите тврдат дека само 30 секунди на тоа место значат сигурна смрт, но Сергеј излегол на кобниот покрив дури шест пати!
„Главоболките беа неподносливи, очите ми солзеа на сонце, а крвната слика ми беше катастрофална“, се присетува тој. За својата жртва добил награда од 1.000 рубли, но за возврат го изгубил имунитетот и здравјето на виталните органи.
Денес, на 70-годишна возраст, Сергеј живее во Сингапур и со презир гледа на модерните туристи кои прават селфи фотографии во напуштениот Припјат. За него, Чернобил не е дестинација за забава, туку најголемата трагедија на човештвото која не смее да се заборави.
„Природата ја презеде контролата, но луѓето не сфаќаат колку е подмолен невидливиот убиец“, предупредува тој. Неговата приказна е суров потсетник за денот кога светот за малку ќе исчезнеше и за хероите кои го спасија, а кои денес се речиси заборавени.










